Давид Силва по десет години одлучи да го напушти Манчестер Сити. Сите очекуваа дека негова следна дестинација ќе биде италијанскиот Лацио, но тогаш стигна „ладен туш“ за Римјаните кога е објавено дека Реал Сосиедад ги договорил условите со шпанскиот фудбалер.
Познато е дека Силва имаше договор со Лацио, но сето тоа пропадна. Шпанецот имаше договорено тригодишен договор со „лацијалите“ и требаше да следуваат медицински прегледи, но синоќа следуваше шок.
Имено во римскиот клуб се бесни на Силва што на таков начин го прекршил „џентлеменскиот договор“, но и на Сосиедад кои во тајност преговарале со Шпанецот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Сосиедад уште минатото лето го контактирал Силва, но го замолиле на никој да не кажува за можниот трансфер во Сан Себастијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

