Давид Луиз имаше турбулентна сезона во Арсенал. Бразилецот стигна на „Емирати“ за сума од десет милиони евра. Некои од неговите настапи беа катастрофални, но во финишот го крена квалитетот и успеа со клубот да го освои ФА купот.
Тој би требало да се пресели во францускиот Рен, тим кој пред прекинот на сезоната во Франција беше третопласиран и ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите. Рен ќе му понуди на Луиз повеќе годишен договор кој на крајот од сезоната го продолжи договорот со „топчиите“ на уште една година.
Од друга страна Артета е подготвен да се откаже од Давид Луиз како би почнал со подмладување на дефанзивниот ред во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА