Азербејџански Карабах има предност од 2-0 по првото полувреме против Силекс во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
На дуелот во Баку, Азербејџанците дојдоа до водство од 2-0 со сомнителен погодок на репрезентативецот на Хаити, Гуерер. По нафрлањето од Урош Матиќ од десната страна, голманот на Силекс Даниел Божиновски беше под прекршок во својот шеснаесетник, топката дојде до Гуерер кој погоди во празната мрежа. Украинските судии не сметаа дека има прекршок врз Божиновски, па беше заверено 2-0…
Претходно, Карабах поведе во 11. минута по акција во три потези која успешно ја круниса со гол Шпанецот Џејми Ромеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА