Баерн Минхен е германска машина. Откако Ханси Флик седна на кормилото и ‘казнена експедиција’ за противниците во Лигата на шампионите. Германскиот првак стана прв тим во историјата на елитното европско клупско натпреварување кој нанижа десет победи на првите десет меча во ЛШ во една сезона.
Посебно импресивни се настапите на составот на Ханси Флик по пристигнувањето на фајнал-ејт турнирот во Лисабон. Декласирана беше Барселона со 8-2 во четвртфиналето, а Лион е преслушан со 3-0 во полуфиналето.
Во големото финале, Баерн Минхен в недела ќе ги одмери силите со Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА