Тренерот на Интер, Антонио Конте, пред финалниот натпревар од Лигата на Европа против Севилја вели дека е среќен што по десет години тимот од „Џузепе Меаца“ игра европско финале, но дека натпреварот мора да се добие бидејќи историјата ги помни само победниците.
„Како фудбалер играв многу финалиња. Некогаш победував, некогаш губев. Луѓето се сеќаваат само на победниците. Ја освоив Лигата на шампионите, но три пати губев. Само победникот останува запишан во историјата“, изјави Конте.
Севилја пет пати се радуваше на титулата во Лигата на Европа, а ниту еднаш нема загубено во финалните мечеви. Од друга страна Интер три пати стигаше до трофејот. Мечот кој ќе се игра во Келн е закажан за вечерва во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА