Најавени тимови: Клучниот играч на Севилја „виси“ за финалето од ЛЕ

Хулен Лопетеги се соочува со сериозен проблем во пресрет на финалето од Лигата на Европа што Севилја вечерва ќе го игра против Интер. Најдобриот фудбалер на Севилја сезонава, Аргентинецот Луис Окампос, се мачи со повреда заработена на полуфиналето со Манчестер Јунајтед, а од шпанскиот клуб не објавуваат детали за повредата, но минимални се шансите тој да се појави од првата минута против „нероаѕурите“.

Доколку Окампос не е „фит“, тоа ќе значи шанса од првата минута за Мунир, а се очекува Ен-Несири да го задржи првотимскиот статус пред Де Јонг, иако Холанѓанецот го постигна голот за победа против Манчестер Јунајтед.

Антонио Конте нема никакви проблеми со составот на Интер за ова финале, а добра вест е што „фит“ за настап е Алексис Санчез, кој вообичаено влегува во игра во второто полувреме.

СЕВИЛЈА – ИНТЕР

евилја: Буну, Навас, Кунде, Диего Карлос, Регулион, Фернандо, Банега, Џордан, Сусо, Окампос (Мунир), Ен-Несири.

Неизвесен: Окампос.

Интер: Хандановиќ, Годин, Де Фрај, Бастони, Д’Амброзио, Барела, Брозовиќ, Галјардини, Јанг, Мартинез, Лукаку.

Отсутни: Весино.

Се вчитува...