Севилја уште еднаш покажа дека е специјалист за Лигата на Европа. Шпанскиот тим во шестото финале стигна до шестата победа, совладувајќи го фавиризираниот Интер со 3-2. „Нероаѕруите“ стигнаа до водство со голот на Ромелу Лукаку од пенал во 5. минута, гол со кој го израмни рекордот на Роналдо Назарио (34 гола) за најмногу дадени гола во дебитанска сезона во клубот од Миално.
Лук де Јонг кој беше херој за Севилја во полуфиналниот дуел против Манчестер Јунајтед со два гола во 12. и 33. минута донесе целосен пресврт, а до крајот на првиот дел Диего Годин донесе израмнување 2-2.
Клучниот момент се случи во 74. минута кога Диего Коста топката ја зафати со „ножички“ по кои несмасно интервенираше Ромелу Лукаку, а топката заврши во голот на Самир Хандановиќ.
Севилја со триумфот стигна до шестата титула во најмасовното европско фудбалско натпреварување од исто толку финални дуели со што останува на првата позиција во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА