Оливеира за историја, моторот на Вињалес леташе со 240 километри (ВИДЕО)

Возачот на КТМ тех 3 Мигел Оливеира триумфираше на трката за големата награда на Штаерска и со тоа стана првиот Португалец кој победил во „кралската класа“, а ја донесе и првата победа за својот тим.

Младиот Португалец до триумфот стигна во неверојатна завршница кога ја искористи борбата на Пол Еспаргаро и Џек Милер и буквално во последниот свиок успеа да ги помине конкурентите за историска прва победа. Во целото лудило на крајот Џек Милер на Дукати, а трет заврши Пол Еспаргаро од фабричкиот КТМ.

Трката ја одбележа и инцидентот на возачот на Јамаха, Марк Вињалес кој не успеа да го исконтролира моторот кој со 240 километри на час сам лудуваше на патеката во Австрија.

 

Се вчитува...