Фудбалерите на Струга Трим Лум во првиот свој натпревар на домашен терен сезонава јасно потврдија дека нема да дозволат лесни бодови за ниту еден противник покрај Охридското езеро.
Тимот на Срѓан Захариевски триумфално почна на домашен терен, по првите две гостувања против Ренова и Шкендија во Тетово, славејќи со 1-0 против велешки Борец благодарение на голот во последните минути од средбата на Александар Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА