Томас Милер: Имавме среќа, но и Мануел Нојер на голот, а јас покажав дека се уште не сум за рециклирање

Баерн Минхен го освои трофејот во Лигата на шампионите откако во големото финале во Лисабон го совлада Пари Сен Жермен со 1-0. Доаѓањето на Ханси Флик на клупата на баварскиот тим се покажа како клучна одлука на раководството, а тој направи една важна промена, го врати во составот Томас Милер. Оттогаш машината на Баерн повторно почна да „меле“.

„Имавме среќа мора тоа да го признаеме. Но, го имавме и Мануел Нојер на голот. Тој уште еднаш покажа дека е ’ѕвер меѓу диреците’. Не беше ова најдобра игра на тимот, но најважно е дека успеавме. Сепак, против себе имавме одличен ПСЖ, а мислам дека и јас покажав дека се уште не сум за рециклирање“, изјави Томас Милер.

 

Се вчитува...