Лигата на Европа за сезоната 2020/21 официјално започнува во четврток, со првата квалификациска рунда од второто по квалитет европско клупско натпреварување. Букмејкерот WinBet ќе ги понуди сите натпревари од ова натпреварување, откако веќе додаде и дел од натпреварите на својата ждрепка. Вреди да се одбележи дека на многу од натпреварите нема јасни фаворити, па букмејкерот очекува неизвесни битки за пласман во второто квалификациско коло. Како што е познато, победникот ќе се одлучува само преку еден натпревар, што ги прави натпреварите уште поинтересни.
Еден од најнеизвесните натпревари ќе биде меѓу екипите на Ордабаси и Ботошани. Коефициентот за победа на двата тима во WinBet е 2,70. Казахстанскиот тим има домашна предност очекувајќи да го елиминира својот романски противник. Ордабаси влегува на овој натпревар по две последователни победи против екипите на Каспи (1-0) и Жетису (3-2). Во исто време, и екипата на Ботошани победи на своите два последни меча. На последниот натпревар го совлада Аргес со 3-2, а пред тоа го совлада и Газ Метан со 4-1. Ботошани е препознатлив по офанзивната игра па се очекуваат голови против Ордабаси.
Динамо Минск против Пјаст Гливице е уште еден интересен натпревар. WinBet им дава мала предност на домаќините со коефициент 1,84 за пласман во следната фаза. Динамо минатата сезона заврши на третото место во белорускиот шампионат, обезбедувајќи место во Лигата на Европа. Домаќините се во добра форма со три победи на последните пет натпревари, имајќи само еден пораз во овој период и еден примен гол. Нивниот противник од Полска е квалитетен тим, но нема искуство на европската сцена. Пјаст Гливице загуби со 0-2 од Шлонск во саботата на почетокот на полскиот шампионат. Останува да се види дали Пјаст може да го совлада Динамо Минск во Белорусија или домаќините на крајот ќе се радуваат.
WinBet дава предност на шведскиот Малме во однос на Краков на почетокот од Лигата на Европа. Шансата за Малме да победи на домашен терен е 1,62, а коефициентот за шведскиот тим да продолжи во следното коло е 1,28. Екипата на Малме е во одлична форма со пет победи во изминатите шест натпревари и нема пораз овој период. На последниот натпревар во шведската лига, Малме го совлада Фалкенберг со 2-1 на домашен терен. Пред тоа „сините“ ремизираа (2-2) со Мјалби а победија со 2-1 против Оребро. Екипата на Краков ја започна новата сезона во Полска со триумф од 2-1 против Погог Шчечин. Но, гостувањето во Шведска ќе биде сериозен тест за екипата од Краков. Во секој случај, се очекува Малме да го продолжи европскиот пат ова лето.
Последниот натпревар на кој ќе се фокусираме е помеѓу екипите на Локомотив Тбилиси и Универзитатеа Крајова. WinBet им дава сериозна предност на Романците иако се гости. Универзитatea се очекува успешно да го започне своето учество во Лигата на Европа. Гостите го совладаа Сепси со 1-0 во првото коло од романскиот шампионат. Универзитатеа е подобар тим од Локомотив Тбилиси, кој ќе се потпира единствено на домашниот терен. Грузискиот тим има само една победа изминатите осум натпревари во првенството, далеку од добра форма. Сепак, на еден натпревар во Лигата на Европа можно е изненадување. Очекуваме овој натпревар да понуди многу контроверзни моменти, но на крајот и Универзитатеа Крајова да се пласира во второто квалификациско коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА