Тричковски стрелец за АЕК Ларнака на стартот од кипарското првенство

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски на одличен начин го стартуваше новото првенство на Кипар. Тој беше стрелец на погодок во триумфот (1-2) на АЕК Ларнака на гостувањето против Неа Саламина.

Иван Тричковски ја погоди мрежата на Неа Саламина во 38.минута и донесе предност за АЕК Ларнака. Вагнер израмни во 62.минута, а Абрахам шест минути подоцна постигна победнички гол за АЕК Ларнака. За гостинскиот тим стартери беа сите тројца македонски интернационалци, Иван Тричковски, Стефан Спировски и Даниел Мојсов.

Се вчитува...