Првпат по девет години Формула 1 трка ќе се вози во Турција на Истанбул Парк. Ф1 објави дека е постигна договор за враќање на турското Гран-при и објави дека четири нови трки се додадени во календарот за 2020 година. Трката во Истанбул е закажана за 15. ноември, а потоа ќе има двојна програма во Бахреин на 26. ноември и на 6.декември, крајот на сезоната ќе биде во Абу Даби на 13. декември.
Од Формула 1 доаѓа и официјална потврда за откажување на трката во Кина која претходно беше одложена и со тоа сезоната оваа година ќе брои 17 трки. Досега во актуелнава сезона се одржаа шест трки, следна на календарот е Големата награда на Белгија по што ќе има две трки во Италија. Сезоната почна со задоцнување, на почетокот на јули поради светската пандемија на коронавирусот.
Актуелниот шампион, Луис Хамилтон го предводи поредокот на возачи со 132 бода, најблиску до него е Макс Ферстапен кој има 95. Белгиското Гран-при е претстојниов викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА