Ќе има публика на Суперкупот меѓу Баерн Минхен и Севилја

Ќе биде дозволено присуство на навивачи на УЕФА Суперкупот, потврдија од Европската куќа на фудбалот. Натпреварот во кој ќе се сретнат Баерн Минхен и Севилја ќе се игра на 24. септември во Будимпешта. Од УЕФА информираат дека ќе биде дозволено присуство на публика од 30 отсто од капацитетот на арената „Ференц Пушкаш“ која има 67,215 места.

За потсетување Баерн Минхен ја освои шестата европска титула откако во финалето од Лигата на шампионите го совлада Пари Сен Жермен со 1-0, додека Севилја во Лигата на Европа беше подобра од Интер со 3-2.

 

Се вчитува...