Куман реши да задржи двајца „сенатори“ на Барселона

Роналд Куман продолжува со кроењето на тимот на Барселона за следната сезона, носејќи одлуки за иднината на уште двајца фудбалери кои беа стандардни во првиот тим на каталонскиот гигант во последните десетина години. Серхио Бускетс и Жерар Пике, двајца асови кои важат за „сенатори“ поради влијанието во соблекувалната на Барселона, денеска имаа долги разговори со новиот тренер, при што на ветераните им било соопштено дека на нивните услуги ќе се смета и во наредната сезона.

Иако Пике беше меѓу првите што го нападнаа претседателот Бартомеу, а Бускетс се најде на листата најкритикувани по дебаклот од Баерн Минхен, новиот стратег сепак верува дека токму искуството на овие двајца фудбалери ќе му биде неопходно за составување на тим што би атакувал на трофеи.

Само за потсетување, Куман во текот на вчерашниот ден преку телефонски повици им соопштил на четири првотимци дека не смета на нивните услуги за новата сезона, и тоа на Луис Суарез, Артуро Видал, Самуел Умтити и на Иван Ракитиќ.

Се вчитува...