Шкендија ќе биде сериозно ослабена за претстојното гостување во Азербејџан во квалификациите за Лигата на Европа откако беше обелоденето дека Арменд Алими е позитивен на коронавирус. Креаторот на играта на тетовци, кој важи за лидер на тимот на средината од теренот, наместо да патува со екипата во Азербејџан останува во Тетово во самоизолација.
Согласно пропозициите на УЕФА, тимовите се должни да ги тестираат своите фудбалери пред тргнувањето на европските гостувања, а резултатите од тестирањата на тетовци донесоа неочекуван проблем за „црвено-црните“.
„За претстојниот натпревар со Сумгајт нема да може да сметаме на Арменд Алими. По тестирањата беше утврдено дека овој фудбалер е позитивен на Covid-19. Алими е асимптоматичен, се наоѓа во добра здравствена состојба и ќе остане изолиран во својот дом“, објави Шкендија на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА