ПСЖ се откажа – нема да испраќа понуда за Меси

Францускиот првак ПСЖ се откажа од трката по ангажман на Лионел Меси, оценувајќи дека е „невозможна мисија“ да се обезбеди потписот на Аргентинецот од редовите на Барселона. Богатите катарски газди вообичаено се интересираат за сите „ѕвезди“ што се достапни на пазарот, но во случајот на Меси оценето е дека Аргентинецот би бил „невозможна мисија“.

Информацијата ја пренесе францускиот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на висок член на управата на „светците“. Францускиот гигант веќе издвојува богатство за да ги покрие платите на Нејмар, Мбапе и останатите „ѕвезди“, а пресметките се дека ангажманот на Меси би чинел најмалку 400 милиони евра (за отштета и плата на Аргентинецот за наредните три сезони).

По повлекувањето на ПСЖ, сега како главни фаворити во трката по Аргентинецот остануваат Манчестер Сити и Интер.

Се вчитува...