Јувентус во изминатиот период беше поврзуван со звучни фудбалски имиња, па затоа изненадување е што прво засилување во ерата на Андреа Пирло како тренер на „старата дама“ е американскиот репрезентативец Вестон Мекени. Станува збор за 22-годишен играч за врска кој пристигнува од редовите на Шалке, а кој ќе се обиде да се наметне во дресот на Јуве во обид да се избори за перманентен трансфер.
Јувентус плаќа три милиони евра за позајмицата на Мекени, во договорот има клаузула за целосен откуп во висина од 16 милиони евра што би се активирала доколку Американецот одигра 60% од овосезонските натпревари на „црно-белите“ од Торино.
Мекени вечерва пристигна во Торино, а по утрешното тестирање на Covid-19 и задолжителните медицински тестови ќе го потпише договорот со Јуве, по што ќе му се стави на располагање на тренерот Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА