Хамилтон: Ќе возам во Белгија, мојот бојкот нема да промени ништо

Актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон вели дека ќе биде дел од Големата награда на Белгија која во недела ќе се вози на патеката „Спа Франкошамп“. Тој вели дека нема да бојкотира бидејќи тоа што се случува е во САД и тој во Европа нема да може да направи ништо.

„Штета е што е се потребно да се направи таму за да се предизвика реакција. Меѓутоа тоа е во САД и не знам каков ефект ќе има ако јас нешто направам тука во Европа. Многу луѓе се со нив и навистина идеме кон промена. Не сум разговарал со ниту еден од нив, но навистина сум горд колку се обединети“, изјави Хамилтон. 

Хамилтон од почеток го поддржува движењето „Black lives matter“, а во чест на борбата против расизамот во светот болидот на „Мерцедес“ сезонава е во црна боја.

Се вчитува...