Меси сака пријателски да се раздели од Барселона

Лионел Меси цврсто е одлучен да замине од Барселона, пренесуваат шпанските медиуми, но и еден од новинарите во Каталонија кој е најдобро запознае со ситуацијата во клубот, Жил Балаге. Тој тврди дека Меси побарал нов состанок со раководството на кој сака пријателски да се раздели со клубот. На Аргентинецот му пречи ескалирањето на работите и затоа бара да замине на најдобар можен начин. За потсетување Меси сака да замине од Барселона, но без никаква оштета. Од друга страна од клубот наведуваат дека има клаузула до 2021 година која вреди неверојатни 700 милиони евра.

 

 

Се вчитува...