Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Мансков заедно со својот Веспрем на убедлив начин ја стартуваше новата сезона во шампионатот на Унгарија откако во првото коло го декласираше Будакалаш со 35-24.
Гостите имаа сили само за едно полувреме во кое успеаја да имаат негатива од само четири гола (16-12). Во вториот дел проработи „машинеријата“ која на крајот на противникот му даде 35 гола. Манасков мечот го заврши со три гола.
Следен предизвик за избраниците на Давид Дејвис е фајнал-фор турнирот во СЕХА кој ќе се игра во Задар на почетокот на септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА