Барселона со уцена до Меси – Потпиши или нема преговори!

Лионел Меси ја шокираше фудбалската јавност со одлуката да ја напушти Барселона, екипа во која ја помина целата професионална кариера. Тој е сигурен дека ќе го напушти клуот летово, но од друга страна од раководството не сакаат ни да ги слушнат барањата на Меси. Бартомеу тврди дека Меси има валиден договор и не може да замине ако за него не се исплати сума од 700 милиони евра.

„Потпиши нов договор или нема никакви преговори“, му порачал Бартомеу на Меси. 

Очигледно е дека „сапуницата“ во Каталонија ќе продолжи и следните денови, а се очекува на крајот да се види кој ќе биде првиот кој ќе попушти Бартомеу или Меси.

Се вчитува...