Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Белгија беше убедливо најбрз во квалификациите и ја освои 93. пол позиција во кариерата. Успехот Хамилтон му го посвети на починатиот актер Чедвик Босман кој ја загуби битката со ракот на само 43 години.
„Сакам да му ја посветам пол позицијата на Чедвик. Ова беше многу тешка година за сите нас, но кога ја добив веста утрово бев навистина повреден. Тој што тој го постигна и неговото наследство за мене се неверојатни. Тој инспирираше цела генерација на млади црни момчиња и девојки и им овозможи вистински суперхерој на кој можеа да се угледаат. Почивај во моќ, пријателе“ – напиша Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА