Вардар се провлече до Ф4 во СЕХА и покрај поразот од Нексе (ФОТО)

Европскиот првак Вардар по деветти пат ќе биде учесник на Ф4 турнирот во СЕХА лигата и покрај поразот што го доживеа во Скопје од Нексе (25-26) во реваншот од четвртфиналето. Со два гола на Валчак во финишот, Вардар успеа да ја намали негативата на само еден гол и да загуби со само еден гол што му е доволно да оди на Ф4  затоа што на првиот натпревар од четвртфиналето имаше победа од 31-30 од гостувањето во Нашице.

Вардар многу лесно можеше да ги загуби мечот откако на пет минути пред крајот Нексе водеше и со четири гола предност, но нашиот тим со серија од 3-0 успеа да обезбеди резултат кој го води на завршниот турнир во Задар каде за полуфинален противник ќе го има Загреб.

 

Во првото полувреме, Вардар имаше максимални плус три гола предност во завршната третина, но не успеа да ги одбрани и гостинскиот состав се избори за нерешени 13-13 на паузата. Во овој период, Кристијан Дисингер со пет гола беше најефикасен во редовите на Вардар.

Дисингер остана на петте гола од првото полувреме, а пет погодоци имаше и Иван Чупиќ. Борко Ристовски со 10 одбрани беше една од најсветлите точки кај нашиот првак. Халил Јагањац можеше да биде кобен за Вардар, со осум гола го предводеше Нексе речиси до елиминација на бранителот на трофејот.

 

 

Се вчитува...