Лионел Меси врши притисок за да си осигура трансфер од Барселона, одбивајќи да се појави на денешните тестирања од Covid-19 пред да се почне со подготовките за следната сезона. Сепак, ставот на раководството на Барса е дециден – Меси останува на „Камп Ноу“ и во наредната сезона. Каталонскиот гигант има уште една година од актуелниот договор со Аргентинецот, па дури и во ситуација на реална опасност тој следното лето да си замине без никаква отштета претседателот Бартомеу е решен да го задржи Меси сосила во клубот.
Доцна синоќа се појавија нови информации дека клаузулата од 700 милиони евра не била валидна за овој преоден рок и Меси ќе можел да си замине, но тоа беше експресно демантирано од страна на раководството на Барселона. Воедно, каталонците им порачаа на заинтересираните клубови да не се мачат бидејќи воопшто нема да дојде до преговори. Дури и доколку биде постигнат договор со фудбалерот, управата на Барселона нема намера да седне на маса и да преговара за продажба на најдобриот фудбалер на денешницата.
Пораката од Каталонија до Аргентинецот е јасна – тој има договор што ќе мора да го испочитува, а доколку сака да си замине ќе мора да се активира клаузулата од 700 милиони евра. Сепак, со оглед на тензијата што владеее за очекување е војната да продолжи и по почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА