Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон ја оствари петтата победа на седмата трка сезонава триумфирајќи на Големата награда на Белгија. За Британецот ова е 89. победа во кариерата, четврта на Спа. Тимскиот партнер на Хамилтон од Мерцедес, Валтери Ботас заврши второпласиран, а третата позиција му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул.
Хамилтон сега има 155 бода на лидерската позиција во генералниот поредок, најблиску до него е Макс Ферстапен со 110, но Валтери Ботас му се приближи на пилотот на Ред Бул на само три бода по денешната втора позиција.
Следната Формула 1 трка е по една седмица во Италија. Потоа ќе има уште едно натпреварување во оваа држава седум дена подоцна, а до крајот од септември ќе има и трка во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА