Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе е второпласиран на трката од ТЦР-шампионатот во Имола. Ова е конечниот исход од случувањата на ова натпреварување откако по трката, Иџе го имаше третото место на подиумот, но поради казна на второпласираниот Салваторе Tавано, Стефановски службено го доби вторoто место.
За Иџе ова беа први бодови во oвој шампионат со оглед дека претходно на две трки беше спречен да патува поради рестрикциите поради епидемијата од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА