Уште едно издание на една од најпрестижните домашни атлетски манифестации „Охрид трчат“ кое денеска покрај Охридското езеро мина низ максимална ведрина, позитивна енергија и радост за спортска Македонија во време на пандемија.
„Охрид трчат 2020“ повторно ја потврди својата големина надминувајќи ги и сите препреки поради пандемијата на коронавирусот, издвојувајќи се како прва домашна спортска манифестација од ваков тип организирана под посебни протоколи која привлече околу 500 македонски спортисти, но и љубители на трчањето… Сето тоа како еден вид нескриен повик за, барем за миг, заборав од мачното секојдневие кое ни го понуди 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА