Лионел Меси пред неколку дена побара да замине од Барселона, барање по кое почна голема „сапуница“ во каталонскиот гигант. Меси силно сака да замине, а Барселона не му дозволува ако не се плати клаузулата која изнесува 700 милиони евра.
Среда е денот кој веројатно ќе биде клучен за договор меѓу двете страни. Официјално е закажан состанок меѓу таткото на Меси, Хорхе и претседателот на Барселона Бартомеу. По состанокот се очекува многу работи да бидат разрешени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА