Ферари го допре дното на последната трка во Формула 1 шампионатот која се возеше на „Спа Франкошамп“ во Белгија. И двата возачи на тимот од Маринело, Себастијан Фетел и Шарл Леклер не успеаја да освојат ниту еден бод.
„Мораме напорно да работиме бидејќи добивме голема лекција викендов. Не сме силни како што очекувавме. Oва е катастрофа. Мораме да работиме повеќе“, изјави Фетел.
„Екстремно фрустрирачки. Целиот викенд беше таков. Не можевме да претркаме ниту со ДРС. Неверојатно. Мораме да работиме повеќе и да најдеме нешто, бидејќи вака не оди“, изјави Леклер.
Следуваат трки во Италија кои за Ферари се домашни и се очекува да го подобрат пласманот, бидејќи никој во тимот не сака да се посрамоти дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА