Големата награда на Тоскана во Формула 1 шампионатот која ќе се вози од 11. до 13. септември ќе биде првата годинава на која ќе биде дозволено присуство на публика.
Пандемијата од коронавирусот го раздрма и Ф1 шампионатот, кој годинава не почна во предвидениот термин. Се вози само во Европа, а фановите не можат во живо да ги бодрат своите идоли. Сепак, тоа наскоро ќе се промени бидејќи во текот на тридневниот викенд во Тосакан ќе може дневно да присуствуваат по 2880 гледачи.
По 1000 ќе има на централната трибина и трибината „Матераси“, а 880 билети ќе бидат продадени на фановите на Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА