Симов: Ги избегнавме фаворитите, Силекс може да се надигрува со Дрита

Силекс за противник ја доби косовска Дрита во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот Горан Симов е задоволен од ждрепката, велејќи дека најважно е што се избегнати клубови како Шериф Тираспол и Астана.

„Извлековме добар противник со кој можеме да се надигруваме. Одлично е што успеавме да ги избегнеме фаворитите Астана и Шериф Тираспол. Квалитетот на Дрита е сличен на македонските тимови. Во тимот настапуваат Ардијан Цуцули и Изаир Емини кои играа во нашиот шампионат, а од клупата ги води Ардијан Нухиу кој е поранешен тренер на Шкупи. Ќе ги анализираме и ветувам дека моите фудбалери ќе дадат максимум“, изјави Симов. 

Согласно одлуката на УЕФА, како што е познато, и во оваа рунда елиминација ќе се игра само по еден натпревар. Кратовци ќе бидат домаќини, а натпреварот се игра на 17. септември.

Се вчитува...