Ренова на 17. септември на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ќе го пречека сплитски Хајдук во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.
Тренерот на Хајдук, Хари Вукас добро го познава македонскиот фудбал. Минатата година како тренер на босански Зрински го елиминираше тимот на Академија Пандев, сега очекува истото со Хајдук да го повтори и против Ренова за која вели дека е секако тежок противник.
„Добро го познавам македонскиот фудбал. Македонските екипи секогаш се незгодни во Европа. Хајдук пред неколку години играше со Хоризонт Турново и беше тежок двомеч, на ‘Пољуд’ победи со 2-1 а во Скопје беше 1-1. Ренова е агресивен тим кој игра одличен колективен фудбал. Ќе треба навистина сериозно да пристапиме на натпреварот, добро ќе ги анализираме. Но, ние сме носители и фаворити и очекувам да се пласираме во следната рунда натпревари“ – е првата изјава на Вукас по дознавањето на противникот за второто квалификациско коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА