Подготовките почнаа позитивно, сите репрезентативци се негативни на Ковид-19… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација ги почна подготовките за стартот од Ц лигата во Лигата на нации на почетокот од следниот месец. Македонија во новата сезона од Лигата на нации почнува со натпреварите против Ерменија на 5. септември во Скопје и против Грузија на 8. септември во Тбилиси.

Пред почетокот на подготовките, согласно одлуката на селекторот Игор Ангеловски, сите репрезентативци беа тестирани на коронавирусот. Откако резултатите потврдија дека ниту еден од фудбалерите не е позитивен на Ковид-19, попладнево на националната арена „Тодор Проевски“ беше одработен и првиот тренинг пред мечот со Ерменија.

 

 

Се вчитува...