Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски ја нагласува желбата на секој поединец во националниот тим со победа да се стартува новата сезона во УЕФА Лигата на нации.
Македонија првиот дуел го игра против Ерменија на 5. септември во Скопје, по цели девет месеци пауза очекувајќи го првиот репрезентативен натпревар.
„Ме радува тоа што повторно сме заедно. Заедништвото не краси долги години, а тоа ни донесе одлични резултати досега. Паузата беше долга, но јас не сум човек кој гледа во минатото туку веднаш се фокусираме на мечевите со Ерменија и со Грузија“ – истакна Ангеловски по денешниот прв тренинг со репрезентативците, притоа дополнувајќи:
„Без разлика на се, без разлика и на ситуацијата со Ковид-19, кога се игра за дресот со државен грб мора да се даде максимумот. Не се сомневам дека така ќе биде и на овие два натпревари… Прво сме концентрирани само на Ерменија, сакаме да одиграме максимално и да дојдеме до победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА