Таткото на Лионел Меси денеска на состанок со првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу ќе се обиде да го ослободи својот син од обврските кон каталонскиот клуб.
Меси категорично тврди дека неговиот договор со Барса е завршен, додека претседателот на Каталонците смета дека Аргентинецот е уште под договор. Затоа по денешниот состанок се очекува да биде позната барем дел од судбината на Лионел Меси.
Но, тоа што му го нуди Групацијата Сити за трансфер во Манчестер сити е досега незапаметено во историјата на фудбалот, па и човештвото можеби.
Меси со Групацијата Сити наводно договорил соработка вредна 700 милиони евра во следните пет години. Ќе биде запослен во Групацијата а согласно договорот следните три години ќе ги мине како фудбалер на Манчестер сити. Преостанатите две години ќе настапува за братскиот клуб Њујорк сити од МЛС лигата во САД, а во тој договор од 700 милиони евра покрај редовната плата, би добивал плус и бонуси како и дел од сопственичката структура на Групацијата Сити.
Ако се погледне целокупната понуда воопшто не зачудува огромната желба на Меси да замине од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

