Жорди Алба си пресади коса

Жорди Алба веќе е на тренинзите на Барселона под водство на новиот тренер Роналд Куман. Ова секако не е вест која изненадува, изненадувањето што го приреди Алба е комплетно избричената глава која изгледа како мала промена на имиџот во текот на летото, но највнимателните фанови забележаа дека правел пресадување коса. Ова е видливо од фотографиите на Алба од пристигнувањето во тренинг центарот и за време на тренингот.

Ако претпоставките се потврдат како точни, Алба ќе влезе во редот на фудбалери кои правеа ваков зафат за побујна коса како Вејн Руни, Јан Облак и Диего Лопез. Од тренерите подобрување на изгледот со пресадување коса направија Антонио Конте и Диего Симеоне.

 

 

 

Се вчитува...