И Тибо Куртоа позитивен на Covid-19, но тренираше со Белгија?!

Голманот на Реал Мадрид и белгиски репрезентативец, Тибо Куртоа е позитивен на Covid-19. Но, и покрај тоа, Куртоа денеска бил на тренингот на фудбалската репрезентација на Белгија.

Белгискиот репрезентативец имал позитивен наод на ПЦР – тестот што бил извршен при првиот собир на белгиските репрезентативци, но челниците на федерацијата сепак побарале да му биде земен примерок од крвта и да се утврди дали навистина Куртоа е позитивен на коронавирусот. Во очекување на резултатите, интересно, Тибо Куртоа денеска бил на тренинг со националниот тим на Белгија.

 

Се вчитува...