Ништо без најдобриот другар – Суарез останува или јас си одам!

Лионел Меси поставил нов ултиматум на раководството на Барселона. Тој најверојатно сезонава ќе остане на „Камп ноу“, но како еден од ултиматумите кои ги дал до Бартомеу е Луис Суарез да остане во клубот.

Како што е познато Меси и Суарез се одлични пријатели и заедно со семејствата го поминуваат и слободното време. Одат на заеднички вечери, се дружат нивните сопруги, а заедно го искористија и годишниот одмор.

Поради големата клаузула од 700 милиони евра која што ја има во договорот на Меси, тој ќе остане во Каталонија, а најверојатно следната сезона без обештетување ќе го напушти клубот во кој помина повеќе од 15 години.

Се вчитува...