ЖРК Куманово се засили со двоец од Босна и Херцеговина

Македонскиот ракометен прволигаш ЖРК Куманово потпиша договор со Хана Бечирхоџиќ и Амела Џакмиќ, интернационалки од Босна и Херцеговина. Бечирхоџиќ игра на позицијата среден и лев бек, додека Џакмиќ е пикер.

„ЖРК Куманово потпиша договор со двете интернационалки од Босна и Херцеговина. Хана Бечирхоџиќ која игра на позиција среден и лев бек и Амела Џакмиќ која игра на позиција пикер ги задоволија барањата на тренерот Ненад Краљевски и поптпишаа договор со нашиот клуб за кој ќе ги бранат боите во сезоната која следува. Им посакуваме многу успех и многу трофеи и достигнувања, како на тимски така и на индивидуален план“, стои во соопштението од клубот. 

Се вчитува...