Ракометарите на Металург денеска од 19:30 часот ги очекува реванш-натпреварот со хрватскиот тим Спачва во Винковци, во првото коло од квалификациите за пласман во новоформираната Лига на Европа.
Составот на Зоран Кастратовиќ со седум гола предност, по победата од 35-28 во Скопје, го очекува реваншот, верувајќи дека може до продолжување на европските натпревари.
„Сепак, нема ниту најмало опуштање пред реваншот и покрај предноста од седум гола. И на дуелот во Винковци секако атакуваме на победа“ – вели Кастратовиќ.
Стратегот на „металурзите“ за денешниот дуел во Винковци ќе може да смета на сите расположиви ракометари. На првиот дуел во Скопје најефикасен беше Златко Хорват со шест гола, а по пет погодоци постигнаа Тарабокоја, Серафимов и Поповиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА