Франција и Норвешка во најтешката група од СП 2021, Македонија ќе чека до “пет до дванаесет“

Франција и Норвешка повторно ќе ги одмерат силите уште во групната фаза од едно елитно ракометно натпреварување, откако двете сили беа извлечени во иста група за претстојното СП 2021 што следниот јануари ќе се одржи во Египет. Французите се најдоа во третиот шешир и беа потенцијална „бомба“ за сите носители, но налетаа на незгодната Норвешка, од која беа елиминирани и во клучниот натпревар од групната фаза од последното ЕП. Покрај овие две селекции, во истата група се наоѓа уште и Австрија, како и репрезентацијата која ќе победи на претстојниот турнир во Северна Америка.

Македонската репрезентација извиси во трката за вајлд-карта откако ИХФ ги додели овие „билети“ за СП на Полска и на Русија. „Црвено-жолтите“ сепак се уште се надеваат декаа би можеле да патуваат за Египет, доколку бидат откажани еден од преостанатите два квалификациски турнири за СП, оној за Јужна и Централна Америка, или пак турнирот што треба да го даде патникот од Северна Америка.

Доколку се откаже северномаериканскиот турнир и Македонија ја добие таа вајлд-карта, тогаш нашиот национален тим би се нашол во „групата на смртта“ со Франција, Австрија и со Норвешка. Ако пак се случи откажување на јужноамериканските квалификации, селекцијата што ќе ја добие таа вајлд-карта ќе се најде во групата Г, заедно со Шведска, Чешка и со домаќинот Египет.

Хрватска доби лесна група, добивајќи ги за ривали Катар, Ангола и Јапонија, а интересно се очекува да биде во групата Х, каде беа извлечени Словенија, Русија, Белорусија и Кореја.

ГРУПА А: Германија, Унгарија, Уругвај, Капе Верде.

ГРУПА Б: Шпанија, Тунис, Бразил, Полска. 

ГРУПА Ц: Хрватска, Катар , Јапонија, Ангола.

ГРУПА Д: Данска, Аргентина, Бахраин, Конго.

ГРУПА Е: Норвешка, Австрија, Франција, Северна Америка.

ГРУПА Ф: Португалија, Алжир, Исланд, Мароко.

ГРУПА Г: Шведска, Египет , Чешка, Јужна Америка.

ГРУПА Х: Словенија, Белорија, Кореја, Русија.

Се вчитува...