Репрезентацијата на Чешка, по победата над Словачка до 3-1 на гостински терен, вториот натпревар во Лигата на нации треба да го игра утре против Шкотска.
Но, поради ситуацијата со коронавирусот Чесите планираа еднострано да го откажат натпреварот затоа што еден член од стручниот штаб на репрезентацијата бил позитивен, додека Шик и Соучек се испратени во изолација.
Со оглед на фактот дека и физиотерапевтот, кој бил во контакт со многу фудбалери, е позитивен на коронавирусот, Чешка одлучи сите да ги испрати во изолација, а против Шкотска да играат фудбалери од домашната лига.
УЕФА категорично и порача на Чешката федерација дека нама откажување или одложување на натпреварот. Правило за одложување на натпревар е само ако еден тим има помалку од 13 (еден од нив голман) подготвени и здрави фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА