Понежниот пол го разубави Скопје: Ристиќ победничка на „Женската трка“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и АК Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа „Авицена Женска трка“. Трката се трчаше според специјалниот протокол одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Стартот на трката беше пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, па до целта во Градскиот парк во Скопје.

Оваа година прогласувањето на победничките на „Авицена Женска Трка“ се одржа онлајн поради мерките за безбедност и грижа за здравјето, поради Ковид-19. Најуспешна во конкуренција на 500 учеснички беше Милјана Ристиќ која истрча со време од 10:34 минути, пред Весна Кираџиева која ја истрча патеката за 11:25 минути, а на третото место заврши Виолета Шестаков со време од 11:47 минути.

Овој пат, победија и дисциплинираноста на учесничките и нивното почитување на мерките и протоколот, а победија и организаторите на „Авицена Женска Трка“ за одличната организација на трката во време на пандемија.

Комплетните резултати од денешната трка може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

 

 

Се вчитува...