Зенга: Суарез или Џеко? Со Роналдо и Дибала и јас би играл центарфор

Поранешниот голман на репрезентацијата на Италија, Валтер Зенга ја коментираше идејата на Јувентус во клубот да го доведат Луис Суарез или Един Џеко.

„Меѓу Дибала и Роналдо и јас би можел да играм центарфор. Така да на крајот се зависи од идејата на Андреа Пирло. Според мене Суарез или Џеко? Сеедно, кога ги имаш Роналдо и Дибала“, изјави Зенга. 

Јувентус е во потрага по напаѓач кој ќе го замени Гонзало Игуаин, а како први кандидати за потпис со „Старата дама“ се наведуваат Уругваецот Луис Суарез и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Валтер Зенга.

Се вчитува...