Ландри Ноко сепак нема да го облече дресот на Црвена Звезда откако српскиот кошаркарски гигант реши предвреме да го раскине договорот со центарот што летово пристигна од Алба. Тој беше прво засилување на Црвена Звезда по ангажманот на Саша Обрадовиќ за нов тренер, но по задолжителните лекарски прегледи пред стартот на сезоната беше одлучено соработката со него да биде прекината – од медицински причини.
„КК Црвена Звезда ја известува јавноста дека договорот со Лендро Ноко нема да биде активиран поради медицински причини. Благодарни сме му на Лендри на големата желба да настапува за нашиот клуб и му посакуваме многу ссреќа во иднина“, објави се уште актуелниот првак на АБА-лигата.
„Црвено-белите“ не наведоа дополнителни детали околу здравствените проблеми на камерунскиот кошаркар, но најавија дека активно ќе бараат ново решение за центарската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА