Вардар е во негатива од три гола (12-15) на полувремето од финалниот натпревар во СЕХА лигата против Веспрем. Воведните 30 минути не ветуваат одбрана на трофејот ов регионалното натпреварување со оглед дека „црвено-црните“ тешко се носат со унгарскиот противник кој постојано во текот на полувремето беше во предност, имаше највисоки шест гола позитива во неколку наврати. Јотиќ и Чупиќ имаат по три гола во првото полувреме.
Во финишот од полувремето, Вардар намали на три гола и си отвори простор за можен поволен исход во вторто полувреме. Вардар се обидува да ја осви шестата титула во СЕХа лигата, Веспрем оди по третата. Ова е трета меѓусебна финална пресметка на овие два тима во финалињата од регионалното натпреварување, двете екипи имаат по еден триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА