Големото засилување на Вардар веќе е во Скопје (ФОТО)

Кубанската одбојкарска репрезентативка Атила Агуеро Агилера веќе е во Скопје и по потпишаниот договор со Вардар ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на „црвено-црните“.

Оваа талентирана 21-годишна одбојкарка пристигнува од кубанскиот прволигаш Камагуеј, каде добрите игри и обезбедија и место во националниот тим на својата татковина. „

Вардар е првиот женски тим што по долги години пауза се пријави за настап во европските купови, а прв ривал на „црвено-црните“ во Челинџ-купот на ЦЕВ ќе биде Хаменлина од Динска.

Се вчитува...