Ловро Јотиќ е единствениот претставник на Вардар во најдобриот тим на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Освојувачот на титулата, Веспрем кој ја освои титулата победувајќи го Вардар во финалетоочекувано доминира во изборот на најдобрите во сезоната 2019/20. МВП на Ф4 турнирот е Родриго коралес. За Веспрем ова е трета СЕХА титула.
Голман: Родриго Коралес (Веспрем).
Крила: Кашпер Маргуч (Веспрем), Давид Мандиќ (Загреб)
Бекови: Хорхе Македа (Веспрем), Ловро Јотиќ (Вардар), Александар Шкурински (Мешков Брест)
Пивот: Андреас Нилсон (Веспрем).
Дефанзивец: Блаш Благотиншек (Веспрем).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА