Роналд Куман со заминувањето во Барселона го остави празно селекторското столче во репрезентацијата на Холандија. Како прв кандидат за негов наследник се споменуваше поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри кој веднаш ја одбил понудата од Фудбалската федерација на Холандија бидејќи сакал да продолжи со работа во клупскиот фудбал.
Како кандидат за наследник на Роналд Куман се споменува и Хенк тен Кате, а во моментов функцијата ја извршува помошникот на Куман, Двајт Лодевегес. Алегри во моментов е без ангажман откако на крајот на минатата година по пет освоени скудета во Серија А во низа го напушти кормилото на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА